17 Декември, 2025
0.2149

Владата објави нов оглас за вработување на 99 директори на централно и локално ниво

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2013 14:17

Добивај вести на Viber

Нов јавен повик денеска објави Владата на Република Македонија за вработување на лица за пополнување на 99 раководни места на централно и локално ниво . Огласот ќе трае до 5 јули и на него ќе можат да се пријават сите граѓани кои сметаат дека ги исполнуваат условите во јавниот повик и дека можат да придонесат за исполнување на зацртаните реформи. Со овој оглас ќе се пополнуваат местата каде што има вршители на должност или каде мандатот завршува до крајот на годинава. Потребните позициите за кој се распишува огласот се за: директори на ЈП за патишта, на Државнот инспекторат за урбанизам и градежништво, потоа се бара член на управен одбор и извршен директор на М-НАФ, исто така се бараат и лица за раководни места во МЕПСО и повеќе економски и медицински директори на јавните здравствени установи. Александар Ѓоргиев, портпаролот на Владата вели дека првпат се нудат места за подрачните единици со што се смета дека на огласите ќе можат да се јават лица кои живеат во тие региони и кои сметаaт дека може да придонесат за развој на локалната самоуправа. Она што е новина во овој јавен повик е поставување на лица на раководни функции и на подрачно ниво. На овој начин им се остава простор на лицата да аплицират и за раководни функции од вториот и третиот ешалон.      

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје