Добивај вести на Viber
Како што дознава Фактор, владини претставници, веднаш по објавата на веста дека се замрзнати дел од сметките на Субрата Рој во Индија стапиле во контакт со фирмата на индискиот бизнисмен, во обид да се утврди дали случувањата во матичната земја можат да го загрозат проектот во Македонија. Сега се чека одговорот на Рој, после кој ќе биде појасно дали е доведен под знак прашање проектот Сахараја Македонија. Одговорот најверојатно ќе биде во форма на соопштение со кое Сахараја Груп ќе ги извести сите свои деловни партнери за состојбата, а Македонија е една од потенцијалните локации за инвестиции на индискиот милијардер.
Зошто беа замрзнати сметките?
Како што веќе објавивме сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека
Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова Врховниот суд ја задолжи компанијата да го врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за милионите измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следувало замрзнувањето на сметките.
Во Македонија е најавена изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид, според кој Љубаниште ќе личи на Дубаи. Иако, проектот се уште не е официјален и не добил конечно одобрение, доброуптаени владини извори потенцираат дека ќе биде неопходна промена на многу закони во земјава за оваа инвестиција. Владата веќе скрои измени на дел од законската регулатива во земјава за која се толкува дека е сторена во интерес на Субрата Рој.