05 Декември, 2025
0.2465

Владата одобри финансиска поддршка за производителите на јаболко, ориз, грозје и вино

Објавено во: Агробизнис 30 Ноември, 2021 20:23

Добивај вести на Viber

Владата одобри финансиска поддршка за намалување на последиците од пандемијата за производителите на јаболко, ориз, грозје и вино. Ова е одлука од 122-та седница на Владата. 

Владата на денешната редовна 122-ра седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи.

Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството, откупот на јаболко и ориз предизвикани од пандемијата.

Финансиската поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на јаболко и ориз се состои од поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи за преработка или за извоз најмалку преку еден откупувач, во висина од 3 денари по килограм. Ќе има и поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?