Владата во САД, бара инвеститори, по Детроит следува Хјустон
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012
Владиниот тим во лов на инвеститори во САД. Предводен од премиерот Никола Груевски, на првиот ден од економската презентација во САД, ги презентираше предностите за инвестирање во Македонија пред 60-ина компании од автомобилската индустрија во Детроит. Првите луѓе на познати брендови од таа индустрија слушнаа и лични искуства од инвеститори што веќе работат на македонскиот пазар.
Како што истакна Премиерот, владиниот тим го дал својот максимум за да ја претстави Македонија во вистинско светло. Ги истакнавме сите предности за инвестирање во Македонија, изјави премиерот Груевски по презентацијата.Свои видувања за македонската бизнис клима пред бизнисмени од автомобилската индустрија во Детроит изнесоа и првиот човек на канадскиот гигант „Нортел“ и основач на проектот „Македонија 2025“ Мајк Зафировски, но и претставници на компаниите присутни со свои инвестиции во Македонија „Кемет електроникс“ и „Џонсон Контролс“ од Америка и „Џонсон Мети“ од Британија.
Бев многу импресиониран од оваа конференција, петта во последните пет години, каде нивото на софистицираност на нашите предлози значително се зголеми. Но, исто така, е добро да се види дека референците од „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ се подобрени што ја прави Македонија поатрактивна за инвестирање, рече Зафировски. Состојбата во економијата во Европа моментно не е многу позитивна и тоа според него и дава можност на Македонија да привлече инвеститори бидејќи е многу важно да се биде на локација што не нуди само ниски трошоци, туку и ги задоволува деловните потреби на компаниите.По Детроит, градот на автомобилската индустрија, следи економска презентација на македонскиот владин тим во Хјустон, Лос Ангелес и во Сиетл.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.