20 Мај, 2024
0.0288

Владата задоволна сама од себе за планот 3-6-9

Објавено во: Македонија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија соопшти дека е задоволна од својата завршена работа предвидена со Планот 3-6-9, односни дека сите преземени реформски процеси се започнати во предвидените рокови и дека сите владини обврски се извршени, а останува уште изгласување на соодветната легислатива на повеќе законски решенија. 

Од Владата нагласуваат дека реформите од Планот 3-6-9 се заокружени во предвидениот рок и дека истите придонеле во забрзување на интеграциските процеси за Република Македонија во ЕУ и НАТО.

„Со денешниот ден, се заокружува периодот предвиден за реализацијата на итните реформски проекти на Владата на Република Македонија, Планот 3-6-9, кој беше промовиран на 5 јули 2017 година, само еден месец откако започна со работа актуелниот состав на Владата. Планот 3-6-9 беше проект за враќање на брзата трака на евро-атлантските процеси, за рехабилитација на функциите на институциите после политичката криза и за иницирање и спроведување реформи во клучните области што произлегоа од извештаите на високата експертска група на Рајнхард Прибе и од заклучоците на преговорите во Пржино“, велат од Владата.

Клучните реформски приоритети, појаснуваат од таму, се однесуваа на обезбедувањето услови за функционален демократски парламент; на реформите во правосудството; на реформите во медиумите; на борба против организираниот криминал и корупцијата; на реформите во јавната администрација; на реформите во безбедносните служби; на промените за обезбедување фер и демократски избори според препораките на ОБСЕ/ОДИХР и сите други релевантни меѓународни организации, како и на кохабитацијата со претседателот на државата.

„Во следниот период, веднаш по усвојувањето на последните предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, Владата на РМ ќе направи сумирање на резултатите од овој процес за што јавноста ќе биде детално запознаена“, порачуваат од Владата.


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување