26 Април, 2024
0.0309

ВЛАДАТА ЗЕМА ЗАЕМ ОД 29 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕИБ - ќе се гради Интерконекторот за гас кон Грција, ќе биде потребен уште еден кредит

Објавено во: Економија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во екот на историски највисоките цени на гасот, Македонија ќе се задолжи за 28,9 милиони евра - за изградба на Интерконекторот за гас од Грција, со кој ќе се овозможи земјава да се снабдува од повеќе различни извори со овој исклучително значаен енергенс. Заемот ќе го земе државната АД НЕР од Европската инвестициска банка, а за него ќе гарантира државата, но законот за таа гаранција ќе мора да го изгласаат народните избраници.

Од Владата велат дека проектот Интерконектор за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија е од стратешко значење за нашата држава, и ќе доведе до повисок раст, повисок стандард и квалитет на живот на граѓаните.

АД НЕР и ДЕСФА Атина веќе потпишале Договор за соработка, со кој двете страни се обврзале навремено да го изградат Интерконекторот, секој на територијата на својата држава. Целиот овој проект од наша страна треба да го спроведува токму АД НЕР.

Инаку, не е тајна дека Владата одамна бара пари за овој енергетски проект. Согласно изработената Студија за изводливост и проектната документација, неговата вкупна инвестициона вредност ќе биде 57,8 милиони евра. 

Практично, целата финансиска конструкција ќе се затвори на следниов начин - 28,9 милиони евра ќе се добијат од заем од Европската инвестициона банка, 16,5 милиони евра ќе се бара уште еден заем - од Европската банка за обнова и развој, а 12,4 милиони евра  се добиени од ВБИФ инвестицискиот грант.

Уште пред три години, односно во ноември 2018 година, Министерството за финансии и АД НЕР ја почнале постапката за обезбедување средства за финансирање на проектот, и се обратиле до Европската инвестициона банка за заем, како и за поддршка од банката за обезбедување на ВБИФ инвестициски грант. Во декември лани, токму со поддршка на ЕИБ, во рамки на инструментот ВБИФ, обезбедени се 12,724 милиони евра како грант.

За заемот од ЕИБ, пак, од 28,9 милиони евра, условот на банката е прво Собранието да донесе закон со кој ќе се гарантира овој кредит. Токму сега тој закон е пред пратениците, и треба да се изгласа за да може да се земе заемот.

Но, за да се затвори целата финансиска конструкција, ќе мора да се земе уште еден помал заем, од 16,5 милиони евра, од Европската банка за обнова и развој. МФ и НЕР доставиле барање и до ЕБОР, а сега се во тек активности за подготовка на проектот. По одобрување на заемот од страна на ЕБОР, пак, банката ќе достави предлог текст на договор за заем и договор за гаранција за преговори.

За заемот од ЕИБ од 28,9 милиони евра, финалните нацрт текстови на Финансискиот договор, Договорот за гаранција и Договорот за грант, се усогласени на први декември оваа година.

Со изградбата на интерконекторот, како што објаснуваат од Владата, треба да се обезбеди конкурентност на пазарот на природен гас, бидејќи со изградбата на гасната интерконекција меѓу Грција и земјава ќе се овозможи пристап до повеќе извори на природен гас, со што се зголемува конкурентноста на самиот пазар на природен гас. Исто така, ќе се овозможи интеграција на пазарот со цел да им се овозможи на потрошувачите во земјава да имаат слични цени на гас како оние во соседните земји. Од Владата очекуваат и финансиски бенефит, поради очекуваната зголемена потрошувачка на природниот гас и економскиот раст на државата, но и што е најважно, стабилност во снабдувањето со енергија, пред се во индустријата, што ќе доведе до економски развој на сите региони во земјава.  

Условите на заемот се дека тој ќе може да се повлекува во најмногу 10 транши, при што минималниот износ на траншата изнесува 3.000.000 евра.

Рокот за отплата на секоја транша од заемот, може да изнесува од четири до 25 години од датумот на повлекување на траншата, со вклучен грејс период кој може да биде меѓу 30 дена и пет години од датумот на повлекување на траншата.

Од она што може да се види од предлог законот, тоа е дека каматната стапка не е однапред утврдена, како што било случај со други заеми. 

„Во рамки на погоре наведените лимити, за секоја транша поединечно ќе се утврдуваат конкретните услови, вклучувајќи ја и каматната стапка“, се вели во законското решение.

Од власта тврдат дека не е во прашање сложен и обемен закон, и затоа се предлага тој да се донесе по скратена постапка.

„Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Финансискиот договор од овој закон, како и сервисирањето на заемот, ќе ги намирува АД НЕР, од приходите кои ги остварува“, се вели во предлог законот.

„Проектот ќе придонесе за економски развој на регионот и енергетска регионална соработка. Овој проект особено ќе ја зајакне соработката со Грција во областа на енергетиката и ќе ги подобри дипломатските и економските односи меѓу двете земји, нудејќи конкретен пример за взаемна доверба во стратешкиот сектор. Со оглед на фактот што во Македонија има многу високо загадување на воздухот поради согорувањето на дрва, нафта и ѓубре за греење, придобивките од воведувањето на природен гас може да се види и преку унапредување и заштита на животната средина со поголема искористеност на природниот гас, во земјава која досега се потпира на цврсти горива и главно греење и производство на електрична енергија, а резултатот е високо производство на јаглерод диоксид. Интерконекторот ќе даде придонес во сигурноста во снабдувањето, односно намалување на ризикот од постојано снабдување на земјата со природен гас, при што се намалува и ризикот за инвестициите“, велат од Владата.

Нагласуваат и дека економско-финансискиот бенефит ќе биде поврзан со поголемата достапност на природниот гас до повеќето домаќинства и индустриски објекти. Тоа ќе го подобри животот на населението преку потенцијалот на топлинскиот пазар, кој во државава е на ниско ниво, подготовка на потрошна топла вода, готвење во домаќинствата, како и отварање на нови работни места.

„Согласно стратегиите и националните планови за развој на енергетиката во Република Северна Македонија, природниот гас е транзитен енергент кон зелената енергија“ се вели во владиното образложение зошто треба да се донесе овој закон.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина