Владиката Артемије ги преплатил работите на црквите и манастирите во Косово
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2013
Вештачењето на Комисијата, што ја одреди Вишиот суд во Белград, покажа дека Рашко-призренската епархија, во времето додека со неа управуваше пензионираниот владика Артемије, ги преплатила градежните работи на повеќе цркви и манастири на Косово за повеќе од милион евра, пишува српски „Блиц“ .
Според заклучоците на Комисијата, Српската православна црква преку епархијата како нарачател и инвеститор, на изведувачот на работите на Епархискиот центар „Раде Неимар“, исплатила 2,05 милиони евра, иако проценатата вредност на извршените работи и услуги е 1,01 милиони евра.
Комисијата се занимавала со проценка на вредноста на работите од 2004 до 2010 година врз 17 објекти - цркви и манастири во рамки на Рашко-призренската епархија.