ВЛАДИКАТА ПЕТАР ВЛЕГУВА ВО МЕДИУМСКИОТ БИЗНИС - отвора телевизија во Скопје
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2023 17:51
Нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако вчера Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината - регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата.
Според информациите на Фактор, зад овој нов медиум кој што би гтребало да почне да зрачи наскоро, стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.
Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.
Во Одликата на Советот на АВМУ, меѓу другото, стои дека „се доделува дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице ‚Преобразба“.
Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.
Нина Нинеска-Фиданоска
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




