Владината коалиција изготви закон како да се намали размножувањето на кучињата-скитници
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 10:21
По големиопт притисок од јавноста и многубројните пријавени напади и каснувања од кучиња-скитници, владината коалиција изготви закон како да се справи со овој проблем. Главното решение се бара во кастрација на домашните кучиња, од каде што, според пратениците се зголемуваат глутниците.
Предлагачи се пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, а во измените на Законот за заштита и благосостојба на животните.учествуваат уште Снежана Калеска-Ванчева и Милева Горгиева од СДСМ, Никица Корубин од ЛДП, Мирсада Емини-Асани и Шпреса Хадри од ДУИ и независните пратенички Ирена Стефоска и Ивана Туфегџиќ.
„Со Предлог-законот ќе се спречи неконтролираното зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножувањето на домашните миленици. Секое куче женка во репродуктивен период продуцира десетина младенчиња годишно и најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња. Со законските измени се воведува обрска за сопствениците на кучиња во репродуктивен период, да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во овластени ветеринарни амбуланти, болници и клиники, на сопствен трошок. Исклучок се сопствениците кои имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. За неспроведување на оваа законска одредба се предвидува глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност“, се вели во предлогот.
Предлог-законот предвидува зголемување на глобите за сопствениците на кучиња, доколку не ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните установи, со цел регистрирање и идентификување, не постават табла на влезната врата во дворот за присуство на куче, не ги врзуваат кучињата на поводник кога се на јавно место, не го пријават леглото од своите животни во овластена ветеринарна установа, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле. За овие прекршоци, глобите за правните лица ќе се зголемат од сегашните 100 на 700 евра, а за физичките лица од 10-15, на 100 евра во денарска противвредност.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




