26 Ноември, 2024
0.0258

Владиниот тим во Унгарија, се бараат инвеститори во енергетиката и земјоделството

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Конкретни проекти од областа на енергетиката, туризмот, земјоделството и информатичките технологии беа тема на денешната средба на министерот за економија Ваљон Сарачини со унгарскиот премиер Виктор Орган во Будимпешта. „Премиерот Орбан ми потврди дека кон крајот на мај голема делегација од Унгарија доаѓа во посета на Македонија. Делегацијата ќе биде придружувана од 20 компании кои ќе се обидат со нашите компании да воспостават рамка на соработка за да можат заедно да аплицираат за привлекување европски пари. Очекуваме многу брзо соработката меѓу двете земји да се конкретизира во одредени проекти", рече Сарачини. Во фокусот на денешните разговори во Будимпешта, нагласи, беше ставена изградбата на мали хидроелектрани за кои во Македонија постојат околу 300 интересни локации, како и за изградбата на далекуводите Битола-Елбасан и Скопје-Приштина. „Доаѓањето на досега најголемата економска делегација од Македонија во посета на Унгарија е обврска од Договорот за слободна трговија со Унгарија што беше потпишан во 2011 година. Потребно е да се разговара за што е можно повеќе да се интензивира економската соработка со Унгарија", изјави Сарачини. Денеска во Будимпешта македонскиот министер за економија копретседаваше со првата седница на Мешовититот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија заедно со Петер Сијарто, државен министер за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Во Мешовитиот комитет има претставници од сите клучни институции кои имаат ингеренции во различни сфери од економијата на двете земји, а од македонска страна во Будимпешта е присутна делегација од 25 члена, предводена од министерот Сарачини. Деталите за соработката ги договорат четирите работни групи од двете земји кои имаат средби денеска и утре. Слаба трговска размена меѓу Македонија и Унгарија Вкупната размена меѓу Македонија и Унгарија е со релативно мал обем и во последните години се движи  меѓу 54 и 58 милиони американски долари со константен дефицит од македонска страна. Во структурата на вкупната рамена на Македонија со светот Унгарија учествува со 0,5 до 0,6 отсто. Само 0,2 отсто од вкупниот извоз на Македонија во светот се реализира во Унгарија, додека од Унгарија се увезуваат 0,7 до 0,8 отсто од вкупниот број на стоки. Македонија најмногу во Унгарија извезува заварени цевки, џемови, овошни желеа, мармелади и згура, а најмногу увезува пченица, поливинил хлорид, бела техника и замрзнато свинско месо. Покриеноста на увозот со извоз во 2011 година изнесува 16,8, а во првите десет месеци од 2012 година 18,3 отсто.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач