19 Декември, 2025
0.0459

Власта инсистира Јанева да се појави во Собранието

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016 15:01

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата инсистираат специјалната јавна обвинителка,  Катица Јанева да се појави во Собранието. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кажа дека доколку таа не се појави на комисијата, тие нема да прифатат ниеден предлог на Специјалното јавно обвинителство. Додава дека со недоаѓањето на комисија, Јанева  ги крши Уставот и законите на Македонија.

„СЈО не ги почитува човековите права и не обезбедува еднаквост пред законот. На СДСМ му е јасно дека ова СЈО не се држи до законите ниту пак има ефикасност. СДСМ и Јанева не сакаат јавноста да знае како работат. Бегаат од одговорност. Зошто СЈО вели дека нема увид во доказите за „Пуч“, а бараше да бидат ослободени обвинетите? Кој ќе сноси одговорност за нивното незаконско работење? Зошто ангажираат адвокати и молчат за тоа колкави им се платите“ - кажа Димовски. 

Тој вели дека од поставени 119 прашања, Јанева одговорила само на 23, како и дека навредувала и им се заканувала на пратеници. 

Димовски истакна дека Катица Јанева е апсолутно должна да присуствува на седница на комисијата за политички систем кога на дневен ред е разгледување на нејзиниот извештај. Појансува дека додека  не се заврши расправата за двата извештаи, не може истите да се најдат на собраниска седница. 

Денеска Јанева не дојде на комисија, откако вчера ја напушти расправата и кажа дека не се враќа затоа што врз неа се врши мобинг. 

За шестмесечниот извештај за работа на СЈО се расправа од средата. Минатата недела на Јанева ѝ се слоши при што мораше да си замине. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот