Влатко Васиљ ја трампа работата од Влада во КИЦ
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2017
Влатко Васиљ, еден од граѓанските активисти познат по статусите на Твитер кој доби функција во секторот за медиуми на Владата на Република Македонија, по неколку месеци ќе изврши промена на работното место, а одлуката неодамна ја соопшти и преку социјалните мрежи.
Влатко Васиљ се очекува да биде избран за член на Управниот одбор на Културно-информативниот центар, институција која е под „капата“ на град Скопје.
Тој во секторот за комуникации на Владата беше дел од како што е наречен тимот за социјални медиуми и дигитална транспарентност.