Влера и рече збогум на леукемијата
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020 10:18
Прекрасна вест одекна на фејсбук профилот на невладионата организација САНО.
Малечката трииполгодишна Влера ја победи леукемијата, болеста со која се бореше долг период.

„Влера рече чао Леукемија ! Вака се скока од радост ! #detska klinika @detska klinika“, објави невладината организација САНО на својот фејсбук профил.
Како што ни потврди Марија Тасев, претседател на организацијата САНО, Влера од оваа тешка болест се лекувала на Детската клиника во Скопје, но благодарение на нејзината голема воља и посветеноста на лекарите, болеста е веќе победена.
Всушност, Влера сега, според медицинската терминологија, е во фаза на ремисија.
САНО сподели и фотографии кои покажуваат дека Влера сега се чувствува одлилно.

Инаку, САНО на есперанто значи здравје. Ова е невладина организација, формирана од родители и пријатели на деца што го победиле ракот.
„Здружението го формиравме со цел да им го олесниме процесот на лекување на децата, но и на нивните родители, да иницираме воведување на нови современи терапии, да помогнеме во подобрување на условите каде што се лекуваат децата. Сите ангажирани во оваа организација работат исклучиво волонтерски. Мотивот и силата за работа и волонтирање ни се децата херои што се борат со ракот“, изјави во една прилика Тасев.
Овие фотографии се направени во „Родителската куќа“, наменета за сместување на родителите чии деца се лекуваат на Детската клиника.
Таа се наоѓа во првата барака до Министерството за здравство, и ја отвори токму здружението САНО. Беше отворена на почетокот на минатата година, а наменета е за сместување на родители чии деца се пациенти и примаат терапија на клиниката за детска онкологија. Порано родителите од внатрешноста беа принудени или да спијат на исти кревети со децата на клиниката или во автомобили на паркинг, или пак изнајмуваа станови, затоа што терапијата за децата понекогаш трае и по цел месец.
На малечката Влера и ја посакуваме целата среќа и здравје на овој свет.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




