08 Јули, 2025
0.1618

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски, СДСМ од Спасов

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016 17:03

Добивај вести на Viber

Влатко Ѓорчев, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да поднесе оставка поради како што вели манипулациите со криминално-полициската местенка.

Ѓорчев го обвини Спасовски дека на прес-конференција за случајот со сообраќајките на Диме Спасов, приватно си ги поканил само медиумите под контрола на СДСМ и Сорос.

„Спасовски кажа дека немало кривично - правен настан. Кој даде наредба да се вади оружје и да се применуваат средства на присилба кон заменик-министерот Диме Спасов кога не постоел кривично-правен настан? Оливер Спасовски треба и мора да одговара за лагите и сценаријата. Спасовски е срам за македонската полиција"- изјави Ѓорчев.

Тој побара оставка и од командатот на „алфите“ кој, според ВМРО-ДПМНЕ, е незаконски поставен.

Во реакцијата на СДСМ се вели дека Ѓорчев мора да побара одговорност од неговиот сопартиец, дополнителниот министре за труд и социјална политика, Диме Спасов. 

„На Ѓорчев тоа му е тешко да го направи, зашто Спасов трескал коли на граѓани, ама шефот Никола Груевски нарачувал шамари за Жерновски, шефот на кабитет на Груевски, Протогер сакал семејство да заврши во ендек, неговата сопартијка Јанкулоска влечела за уши, бркала од работа, Јанакиески и Трајковски се изживувале со рекети на фирми и сето тоа Ѓорчев го знаел и молчел. Затоа мора да молчи и сега за Спасов“ - реагираат  од СДСМ.

Од СДСМ ги обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека бранат насилство и криминал и бараат Ѓорчев и  Груевски да побараат оставка од Спасов.

Партиските обвинувања се за сообраќајката во која учествуваше Спасов во петокот. 



Можеби ќе ве интересира

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

Полицијата приведе скопјанец поради подметнување на пожар во Ѓорче Петров

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

МВР: Нормализиран e сообраќајот од и кон Блаце

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Маж настрада во пожарот во Ѓорче Петров, во Чучер Сандево огнот е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЦУК: Се појави пожар кај Кучевиште, тој во Чучер Сандево е надвор од контрола

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

(ВИДЕО) ЧУЧЕР САНДЕВО ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Градоначалникот реагира дека реакцијата е бавна и прашува каде се хермелините

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА МЕШТАНИТЕ: Општината Чучер Сандево бара Владата да прогласи вонредна состојба

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

АНГЕЛОВ: Паниката не ни помага, нема реална опасност од ширење на пожарот над Чучер

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

ИНЦИДЕНТ ВО БИТОЛА: Осомничен пукал кон полицијата, таа возвратила, го повредила и привела

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...

Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...