ВМРО-ДПМНЕ: Дане Талевски не може да добие безбедносен сертификат за да биде амбасадор во НАТО?
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020 17:04
ВМРО-ДПМНЕ преку гласноговорникот Стефан Андоновски регира на тоа дека Дане Талевски избегнал да ги брани своите тези пред да биде упатен во Брисел како амбасадор на НАТО.
„Прашуваме, зошто се случува ова откажување, кога СДСМ вели дека треба да се забрза пополнувањето на амбасадорското место во НАТО непосредно пред очекуваниот ден за прием на Македонија во Алијансата? Дали е тоа затоа што Талески нема добиено безбедносен сертификат, односно владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО? Дали при проверките може да се утврди дека Талески имал блиски контакти со претставници на други служби, па постои можност за уште поголем срам, односно тој да не добие „зелено светло” од државите членки?“, прашува реторички Андоновски.
Од ВМРО-ДПМНЕ претпоставуваат дека можеби се работи за внатрепартиско-владин судир помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.
„Или пак се работи за прекршувањата на процедурите од неспособност за што алармираат македонските дипломатските синдикати? Го прашуваме министерот Димитров дали запирањето на постапките се случува затоа што го исплаши тоа што медиумите открија дека и други именувања на амбасадори се прават со прекршување на законски уредените процедури, во врска со двојни државјанства и други недостатоци, за кои тој треба да одговара затоа што ставил потпис?“, додава Андоновски.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




