ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не влегува во сценарија за постизборен инженеринг
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2016 19:39
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира ДИК да не подлегнува под никакви притисоци и да не влегува во ничии сценарија за постизборен инженеринг, со кој би се оспорила волјата на 455 000 македонски граѓани со чии гласови ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следи работата на Државната изборна комисија и најновото одложување за одлучувањето по според нив апсурдните приговори од страна на СДСМ и БЕСА.
„Целата домашна и меѓународна јавност беа сведоци дека предвремените избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера без ниту еден инцидент. Изборите во неделата јасно ја одразија волјата на мнозинството од македонскиот народ кој се одлучи за излез од кризата и одбра проекти и реформи наместо деструкција. Државната изборна комисија има една единствена обврска, а тоа е да ја верификува волјата и одлуката на мнозинството граѓани. Државната изборна комисија не смее да подлегнува на притисоците од страна на сценаристите кои сакаат да спроведат постизборен инженеринг. Повеќе од очигледен е договорот меѓу СДСМ и БЕСА за извртување, поништување и фалсификување на волјата на мнозинството од македонскиот народ, нешто што кореспондира со вчерашната прес конференција на Зоран Заев и нешто што очигледно не е само негова одлука“ - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствениот критериум по кој се одбирале местата за кои се упатени забелешките е математиката во постизборниот инженеринг која кажува дека со дополнителна трговија со гласови, би можела да биде заобиколена волјата на мнозинството, пишува во соопштението. Велат дека ова е незаконски и за ваквите постапки кривично се одговара. Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ внимателно и одблиску ја следи ситуацијата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




