ВМРО: ДПМНЕ е одговорна партија, 140 детски градинки ќе има
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
Средства за реализација на овој мегапроект на ВМРО-ДПМНЕ има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, реагираше денеска владејачката партија на пресот на Дамјан Манчевски.
- Го повикуваме СДСМ да бидат искрени, да го надминат лицемерието и да го поддржат буџетот за 2017 година, овозможувајќи реализација на ваквите мега проекти. Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на граѓаните отворени се 52 градинки, а опфатот на деца во градинките е зголемен од 9% во 2006 година, на 26% во 2016 година, велат мешудругото од власта.