„ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛАЖА ДЕКА МАКЕДОНЕЦ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ“: Талески вели дека излажале и за промената на Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 09:39
Пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Анализа„ на телевизија 24 нагласи дека на повидок е изборна измама којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи спрема граѓаните.
„Суштината е како помина денот на констутивната седница, една несериозна непринципиелност и на повидок една изборна измама која ја прави ВМРО-ДПМНЕ према граѓаните. Со оглед на тоа дека тие им кажуваа на граѓаните дека носителите на високите позиции, меѓу кои и претседателот на Собранието ќе бидат од македонска националност. Ги излажа дека ќе го променат Преспанскиот договор, па сега вечерва пред целиот македонски аудиториум од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да биде кажано дека не само дека тоа е нова реалност, туку дека Република Северна Македонија ќе им биде во целокупнато институционално претставување на функционерите. Тоа е лицемерието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одеше и викаше „Никогаш Северна“, а сега се случува токму спротивното, нагласи Талески, додавајќи дека ДПМНЕ го промени ставот со кој излезе пред граѓаните, тоа е лицемерието, тоа е изборната лага на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со положувањето заклетва од страна на Гаши, Талевски истакна дека не смее да се дозволи Уставот да се прекршува.
-Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Северна Македонија е македонскиот јазик. Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи, посочи пратеникот од СДСМ, Миле Талески.
ТВ21Можеби ќе ве интересира
ОЈО: Oтворена е истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

ВРАБОТЕН ВО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЧАШКА „ПОЗАЈМУВАЛ“ НАФТА ОД СЛУЖБЕНИТЕ КАМИОНИ: по апсењето, во домот му нашле и оружје

Опозицијата со остра реакција: Началници ќе се поставуваат без полициско искуство

„Не гледам потреба за организирање лидерска средба со Филипче“: Мицкоски за повиците повторно да се види со лидерот на СДСМ

Човек што треба да ги контролира директорите на М-НАВ бил член и на комисијата за вработување

Костадинов му се заблагодари на Мицкоски за парите за проектите: „Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот“

Уапсената докторка од Битола примила поткуп од 100 евра

Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Декларација за стратешко партнерство

Сопругата на Игор Југ се вработи во „Македонски навигации“
