19 Декември, 2025
0.1565

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја вработи мајка му во Централен регистар

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 11:16

Добивај вести на Viber

Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според она што го објавуваат медиумите за огласот на кој е вработена неговата мајка Фенија Костадинова, платата  е 25.000 денари, а како услови за аплицијарње се наведува завршено средно образование без потреба од претходно работно искуство. Со ова логично е да се постави прашањето: Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услови? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината? Претходно Талат Џафери си најде работа за неговата ќерка, а министерот Никола Димитров на својата и обезбеди солидна државна стипендија. Цветанка Ласкова за својата снаа си обезбеди стотици илјади евра, а вдомена е и ќеркичката на Таки Фити. Стотици вакви примери за неполни две години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека власта наместо професионализација, на дело спроведува партизација на институциите.

„Граѓаните се во неверување од дрскиот непотизам манифестиран од страна на власта на СДСМ. Граѓаните гледаат дека власта и Заев под своја контрола ја ставаат целата држава. Граѓаните гледаат како Заев и СДСМ целосно ги уништуваат институциите. СДСМ  во текот на изборниот период ветуваше отвореност на институциите за сите граѓани и професионализам во нивното водење, за сега да гледаме дека раководител во државна институции во владата на СДСМ се станува само доколку си близок роднина со некој од врхушката на власт. Непотизмот е главна одлика на владата на СДСМ и затоа овој бандитизам и лицимерие мора да заврши и ќе заврши. Македонија мора да оди напред, а тоа е возможно само доколку СДСМ замине од власт“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот