19 Декември, 2025
0.0682

ВМРО ДПМНЕ му понуди две решенија на СДСМ, тие бараат мандат!

Објавено во: Македонија 11 Март, 2017 17:30

Добивај вести на Viber

Двете најголеми партии и вечни ривали ВМРО ДПМНЕ и СДСМ повторно се препукуваат.

Наместо и онака тензичната состојба во политиката да се стабилизира , таа станува се понапната.

Од партијата на Никола Груевски повторно го прозваа Заев и бараат да ја отфрли платформата која според нив е тиранска.

Не останаа должни ниту од партијата на Заев од каде уште еднаш го побараа мандатот од Иванов.

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека се крие зад некои лажни експерти и така го лаже народот.

„Најновата манипулација на аболицираниот Заев е дека експерти на СДСМ и ДУИ ќе кажувале дали ќе се менуваат банкнотите, химната, грбот. Тие ќе кажувале дали ќе се менуваат униформите и дали борците ќе се осудат за геноцид. Аболицираниот Зоран Заев само ќе отварал дебати по сите прашања од највисок државен и национален интерес“, изјави Ѓорѓиевски .

Тој уште еднаш од име на ВМРО ДПМНЕ му понуди на Заев две решенија.

Едното е ја одбие јасно и гласно тиранската платформа по сите точки и да прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за формирање на малцинска влада.

Второто е да прифати распишување на нови парламентарни избори, заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може кристално јасно да се произнесат за партиската програма, вклучително и таа на СДСМ, па дури и во себе да ја содржи тиранската платформа, без да имаат чувство дека се изборно измамени“, вели претставникот од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека не може заради криминалите на ВМРО-ДПМНЕ да нема Влада.

„Раководството е уплашено од одговорност за криминално стекнатото богатство затоа што го гледаат крајот.

Разбиени се  нивните лаги. Граѓаните ја имаат пред себе Програмата на новата Влада со мерки за нивните основни потреби и гаранции за унитарноста според Уставот и законите“, соопштија од СДСМ како реакција на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата на Заев посочуваат дека единствениот кој го крши Уставот е Ѓорге Иванов.

Тие велат дека шефот на државата веднаш да му го даде мандатот на Заев кој обезбедил мнозинство за состав на новата Влада.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината