ВМРО-ДПМНЕ незадоволно од бројката на Филипче: Дози колку да се вакцинира Злетово
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2021 12:03
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е незадоволна од бројката што денеска ја објави министерот за здравство Венко Филипче, кој ја информираше јавноста дека во февруари од договорот со „Фајзер“ ќе пристигнат 5.850 дози.
- Филипче конечно се „пофали“ со информација „првата доза од 5850 вакцини против КОВИД – 19 од производителот Фајзер стигнува во февруари“. Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само еден град колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители, гласи соопштението на најголемата опозициска партија.
За потпишаниот договор од таму велат дека Филипче продолжува со полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021.
„Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема. И додека Филипче вели дека динамиката дополнително ќе ја утврдува, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план. Колку за илустрација еве неколку примери, како е тоа во земјите од соседството и што треба или требаше да направат Филипче и Зоран Заев, наместо да возат мотори.
Грција во првата тура доби 9.750 вакцини, за веднаш следната тура на вакцини од Фајзер да биде 83.850 дози. Ова се дози на вакцини кои стигнаа до крајот на декември 2020 година. Планот на Грција кој го соопштија надлежните вели 419.250 дози исто од Фајзер до крај на јануари, 333.450 дози исто од Фајзер до крај на февруари, околу 400 илјади дози во март за до крај на март бројот достигне до 1.255.800 дози. И ова се вакцини само од Фајзер. Во првиот квартал на 2021 година Грција очекува 240 илјади дози од Модерна. Потоа 500 илјади дози од Астра Зенека до крај на јануари, исто од Астра Зенека 800 илјади дози до крај на февруари, 1.500.000 од истиот производител до крај на март, и 2.200.000 исто од Астра Зенека до крај на април. Дополнително Грција чека вакцини од Санофи, Џонсон и Џонсон и КјурВак.
Премиерот на Албанија Еди Рама на првиот ден од 2021 година објави договорени се 500 илјади дози од Фајзер и даде и детали, 10.750 дози на Фајзер ќе стигнат третата недела од јануари, 30 илјади дози во февруари“, се вели во партиската реакција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




