19 Декември, 2025
0.0372

ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СДСМ се трансформирала од партија во мафија, СДСМ бара мирно предавање на власта

Објавено во: Македонија 07 Април, 2017 10:40

Добивај вести на Viber

Не запираат партиските преписки меѓу двете опонентски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Наместо реално решение за кризата која ја чуствуваат сите граѓани , партиите се обвинуваат со најгрди зборови.

Партијата на екс премиерот во денешното сопштение ја обвинува СДСМ дека се трансформирала од партија во мафија.

„Ветуваа двојазичност, дебати за химната, грбот и знамето. Ветуваа промена на банкнотите, двојазични униформи и федерализација. Ветуваа државни функции и со молчење ги одобруваа сите навреди и негирања на македонскиот идентитет. Ветуваа и нудеа се она за кое што се бореа и гинеа генерации Македонци само за да дојдат на власт и да се спасат од издржување на долги затворски казни.

Ветуваа, но не им помина. Македонскиот народ ги прочита и им застана на пат. Македонскиот народ им порача дека не прифаќа ниту Тиранска Платформа, ниту Тиранска Влада“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ пак велат дека одлуката на граѓаните нема да ја спречи ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата на Заев велат дека демократските процеси ќе продолжат и мора да се овозможи мирен трансфер на власта според мнозинската волја на граѓаните.

Спречувањето на мнозинската волја оди на штета на сите граѓани, на штета на државата и институциите. ВМРО-ДПМНЕ не смее да ја држи државата во заложништво само за да спаси неколку криминалци.

Ниедна закана, или насилна реторика, или провокација, од страна на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го спречи“,соопштуваат пак од Бихаќка.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните