15 Јуни, 2024
0.0282

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската платформа

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зијадин Села, човекот од кого зависи Парламентарното мнозинство на СДСМ и Тиранската влада на Заев на изборите пред своите гласачи се обврза дека никогаш нема да се откаже Македонија да стане бинационална држава или во спротивност ќе бара федерализација на државата.

СДСМ и Зоран Заев одат по тенок мраз и не се откажуваат од Тиранската платформа и упорно со тоа ја носат Македонија кон работ на бездна, наведуваат од партијата. 

„Истиот тој Зијадин Села го слушавме од изборен митинг во Гостивар како ветува дека ќе ги брка Македонците од работа, како технолошки вишок со што ќе ослободува места за Албанците од тој крај. Веќе подолг период гледаме како Заев молчешкум ја одобрува агендата на Села само за да ги добие неговите три гласа во Собранието и покрај изјавите дека Села не ги признава македонското знаме и химна, но и дека македонската нација не постоела. Аболицираниот криминалец Зоран Заев заслепен од потребата за власт е спремен Македонците да ги продаде и да ги напраави кираџии во сопствената држава. Уценетиот криминалец Зоран Заев ќе остане запамтен во историјата како човек кој од лукративни мотиви ја иницираше дебатата за овие прашања и ги стави на маса највисоките државни и национални интереси. Аболицираниот Зоран Заев водејќи се од жедта за власт и пари ја распродава Македонија. Заев и криминогеното раководство на СДСМ со цел да му се додворат на радикалот Села го активираа и Питер Ванхауте, човекот кој што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат. Сега и тој отворено зборува за редефинирање на Република Македонија“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Албанската пратеничка, Месила Дода јавно пред сите се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата додаваат дека Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави на Села и Дода. Спомнуваат и дека не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Доколку сепак Заев толку ја почитува Платформата од Тирана нека излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условни казни добија седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условни казни добија седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Штип

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Штип

ИГОР ФИЛКОВ И ГОРАН МИНЧЕВ: ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри

ИГОР ФИЛКОВ И ГОРАН МИНЧЕВ: ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри

(ФОТО) ГРДА СЛИКА ВО СКОПЈЕ: Превртени јавните тоалети во Градски парк

(ФОТО) ГРДА СЛИКА ВО СКОПЈЕ: Превртени јавните тоалети во Градски парк

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС ЗА МИР: На кое место е рангирана Македонија?

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС ЗА МИР: На кое место е рангирана Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: „Прво ракување во Скопје без провокации“, но и „Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“

ГРЧКИ МЕДИУМИ: „Прво ракување во Скопје без провокации“, но и „Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ИСПЛАШИЛО ОД КУЧИЊА: Ренџерите спасиле заглавено мече на дрво во двор во Маврови Анови

НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ИСПЛАШИЛО ОД КУЧИЊА: Ренџерите спасиле заглавено мече на дрво во двор во Маврови Анови