ВМРО-ДПМНЕ: СЈО не гони за случаи од пред 20 години
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2018 10:12
Правосудните институции на чело со СЈО се користат за очигледен политички прогон против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не само пред 5, 6 или 10 години, туку и пред скоро 20 години, дури и за работи во кои нема случај, додека за милионските криминал на сегашната власт остануваат без судска разрешница, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Покрај СЈО под целосна контрола е и ЈО. Примерите на очевиден криминал, каде Заев од позиција на премиер бара од фирмите да поткупуваат гласачи, тендерите во четири очи од ќерка директор на татко бизнисмен, милионските бизниси кои се доделуваат на ново формирани фирми без никакво искуство во областа и мноштво други сомнителни случаи за кои обвинителството не презема ништо се преседан во светската правна историја и ќе останат запишани како пример за партизирано правосудство. Зоран Заев е поттикнувач, заштитник и покровител на криминалот во оваа држава и затоа СДСМ одби предлог за нова независна обвинителска институција која ќе ги преземе постојните случаи од СЈО и професионално ќе ги истражи сите сомневања за криминал вклучително и последните афери на власта. Заев се плаши од правдата, Заев го штити криминалот“, стои во партиското соопштение.
Од опозициската партија додаваат дека власта прибегнува кон притисоци откако над еден милион и двесте илјади граѓани не излегоа на референдум или гласаа против договорот за промена на името.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




