ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме на бркање од работа на административци затоа што не гласале
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 09:46
СДСМ ги реализира заканите кои пред референдумот ги упатуваше кон администрацијата, закани за губење на работни места, санкции и казни за сите оние кои не го дадоа својот глас за капитулантското дело на Зоран Заев, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата.
Велат дека ова е режим чија главна одлика е прогонот на политичките неистомисленици и противници на Зоран Заев.
„Во јавноста се почесто сме сведоци на дисциплински постапки и бркање од работа на вработени во јавната администрација само поради тоа што тие одлучиле да апстинираат на денот на референдумот и да не одговорат на манипулативното прашање кое им го наметна власта“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека административните службеници се казнувани неосновано и спротивно на Законот, спротивно на сите демократски права и начела.
Според нив, изминативе година и половина владеење на СДСМ со државата беа одбележани со еклатантно непочитување на Уставот и законите, а сега Владата на Заев велат не ја почитува ниту волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои беа против или апстинираа од гласањето за капитулантскиот договор со Грција.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, заради што денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




