19 Декември, 2025
0.0553

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е тој што се плаши од затвор

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2017 16:47

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ возврати на обвинувањата на СДСМ кои сметаат дека Груевски настапувал против Албанците и ДУИ за сега да се моли за поддршка од Ахмети за составување на нова влада со која сака да избега од одговорноста. Од партијата на Груевски сметаат дека токму аболицираниот Заев е тој што се плаши дека ќе одговара за своите криминали.

- Граѓаните ги прочитаа неговите манипулации и ја испратија најсилната порака дека не поддржуваат криминогени ликови кои се кријат зад политичката функција. Сега клептоманот Зоран Заев е во паника. Аболицираниот криминалец е исплашен дека ќе одговара за криминалот и дека ќе лежи во затвор за барањето поткуп, за тендерите, за кражбите и за велепредавството. Ова се последните очајнички обиди на Зоран Заев да ја продолжи кризата и да остане на слобода.

Според ВМРО-ДПМНЕ токму Заев е политичар кој е подготвен на секакви компромиси.

Затоа аболицираниот Зоран Заев лаже. Затоа аболицираниот Зоран Заев е подготвен на секакви отстапки и ветува се и сешто. Човекот кој јавно кажа дека им барал мито на сите бизнисмени во Струмица кои барале услуги од општината, што по закон им следуваат, сега е во паника и подготвен е да стори се за да одбегне враќање таму од каде што Бранко Црвенковски го извлече со аболицијата, за која не побара поништување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата