ВМРО-ДПМНЕ: Заев најде пари за се, освен за капитални инвестиции кои носат трајна вредност
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2019
Буџетот за 2020 година е популистички, нема ништо за капитални инвестиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата го критикуваат буџетот за идната година. Велат дека Владата планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички проекти, а ниту денар за капитални инвестиции, како што се автопати, водоводи, нови образовни објекти. Опозицијата забележува дека Владата на премиерот Зоран Заев не планира пари ниту за нови енергетски капацитети, ниту за централите Чебрен и Галиште.
Велат дека оваа власт ги излажала пензионерите и ги оштетила за 1.800 денари, пари кои ќе ги имаа доколку Заев не беше на власт.