Внатрешна контрола ќе го чешла постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар
Објавено во: Македонија 09 Август, 2025 14:57
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола вчера извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар, како и во службените простории во средно училиште кои ги користиел, информираат од МВР.
Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, од МВР посочуваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе биде известена јавноста.
-На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л, се вели во соопштението од МВР.
Претходно Обвинителствотo информираше дека поради сомненија за кривично дело - Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи - ОВР Демир Хисар од Основното јавно обвинителство Битола побарало издавање Наредба за претреси на три локации - службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице.
-Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети се уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството. Законската процедура за обезбедување наредба за претрес на дом и други простории е во целост испочитувана. Спроведувањето на наредбата е во надлежност на полициските службеници. Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај, информираат до Обвинителство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




