16 Јануари, 2025
0.1381

Внимателно со интернетот, секој петти работодавец ги проверува вработените преку социјалните мрежи

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Внимателно со фотографиите на Фејсбук и постовите на Твитер, бидејќи работодавачите се почесто погледнуваат на вашите виртуелни животи.

Откривањето на лични податоци на социјалните мрежи го правиме сите, но многумина и премногу се опуштаат во своите домови, па честопати откриваат и повеќе од потребното.

Како што пишува српски Мондо, таквата слобода лесно може да ја загрози сликата која работодавецот ја има за вас. Според истражувањата на експерти за човечки ресурси, секој петти работодавец ги проверува своите вработени и кандидатите за работа на социјалните мрежи. Проверката на социјалните мрежи така доведува до се почести откази и одбивање на пријави за работа, па поради тоа треба да внимавате што се ставате на своите профили и со кого склучувате пријателства.

Според зборовите на Ирена Радиќ, менаџер за човечки ресурси, работодавците се интересираат за профилите на социјалните мрежи и често увидот во нашите профили им овозможува да дознаат повеќе информации, а токму тоа може да биде пресудно за одлуката која ќе ја донесат во врска со нашата иднина на работа.

„Тука важи она правило кое важи за јавни места. Секогаш треба да се однесувате како секогаш дека ќе го сретнете својот работодавец. Премногу експлицитни фотографии и непријатни ситуации можат негативно да влијаат на новите вработени или на моменталната позиција во компанијата, бидејќи работодавецот може да стекне погрешна слика за вас или да формира мислење кое во одреден момент може да биде пресудно за вашата кариера“, вели Радиќ.

Освен Фејсбук, Твитер и слични сајтови наречени кафе Интернет, за напредувањето во вашата кариера може да помогне популарната мрежа Линкедин, со чија помош можете да разменувате податоци за себе со идни работодавци.

„Ако сте веќе вработени, а сакате да најдете друга работа, внимавајте вашиот сегашен работодавец да не забележи дека барате нова работа. Затоа внимателно средете го профилот на Линкедин, за да не биде очигледно дека одеднаш сте посветиле внимание на други компании, како и со пумпање на својата виртуелна пријава за работа“, вели Радиќ.

Таа посочува дека работодавците се почесто користат такви канали за комуникација со идните работници, сакајќи да ја согледаат човечката страна на кандидатот, а не само таа бирократската која се наоѓа во вашата биографија.

Можеби ќе ве интересира

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА