18 Декември, 2025
0.0463

ВНИМАВАЈТЕ: Опасен МЕРС вирус се шири од Блискиот Исток

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2014 18:32

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Македонија кои заминуваат на аџилак на Блискиот Исток треба да бидат особено претпазливи поради опасноста од ширење на смртоносниот МЕРС вирус, предупредуваат здравствените власти. Ситуацијата е опасна со оглед на тоа што не постои вакцина за овој вирус. Стотици македонски граѓани заедно со муслимански верници од целиот свет околу Рамазан Бајрам се очекува да заминат на аџилак во Саудиска Арабија. Македонските здравствени власти затоа предупредија на особена внимателност - се препорачува граѓаните кои одат таму да не контактираат со лица кои покажуваат симптоми на грип, како што се висока температура, треска, кашлање и тешкотии при дишењето, бидејќи тие се карактеристични и за вирусот МЕРС. Највнимателни треба да бидат хронично болните. „Постари лица да не одат на аџилак, бидејќи доколку заболат потешко поминуваат за разлика од помладите. Хронично болните треба да се консултираат со матичен лекар, пред да одлучат дали ќе одат на аџилак или не“, изјави д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство. Оние кои во овој период планираат да патуваат таму, треба да избегнуваат контакт со камили, да не конзумираат месо што не е термички обработено, да купуваат безбедна вода за пиење и да одржуваат лична хигиена. Начините на пренесување на вирусот допрва се анализираат. Во регионот, едно лице заболено со МЕРС вирус е регистрирано во соседна Грција, но и тоа заболело на патување во Саудиска Арабија. МЕРС е вирус со висок процент на смртност - од 683 заразени лица, 204 починале. Најголемиот број, односно вкупно 600 од случаите се регистрирани во Саудиска Арабија.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел