Добивај вести на Viber
Евгениј Џугашвили, внукот на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Џугашвили, познат како Сталин, во интервју британскиот „Дејли мејл“ го напаѓа рускиот претседател Владимир Путин дека е предавник. Интервјуто го дал ткако го изгубил процесот во Европскиот суд на правдата против рускиот весник којшто неговиот дедо го нарекол „крвожеден канибал“.
„Путин води влада во која се измамници и лажговци! И тој самиот е глупак без мозок. Кога ќе вклучам телевизор го гледам како јава, скија, си игра со тигри... Се обидува да покаже дека е силен, но јасно е дека е обична п****... Путин е велепредавник! Ќе ви кажам и зошто. Тој соработува со Полјаците, тој во 90-тите беше меѓу оние што ги признаа жртвите од Катинската шума кои всушност настрадале од Германците. Страшно! Единственото добро нешто во целата приказна е што никој не го покани на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, логорот што го ослободи Црвената армија. Западот го избриша подот со Путин. И ако, си заслужи...“, вели Евгениј Џугашвили.
Тој на свој начин објаснил што се случило во Катинската шума, кога биле убиени 22.000 полски офицери.
„Германците тргнале во инвазија на Советскиот Сојуз и набрзо откриле трупови во шумата. Па зар тоа не е идеална ситуација за оправдување на инвазијата? Зарем вие навистина мислите дека Хитлер би пропуштил таква прилика? Нормално дека вистината е дека Германците го извршиле злочинот и потоа ги обвиниле Русите. Се сеќавате на реченицата на Гебелс „Им подметнавме бомба“? Да, тој мислел на Катин. А мојот дедо ја спасил полската војска, ја извлекол од калта. Зошто потоа би ги испотепал сите тие војници? Нема логика...“, рекол Евгениј и дополнил:
„Моите обиди да ја одбранам честа на мојот дедо се истрели во празно. Како да зборувам со ѕид. Неверојатно! Живееме во време кога ништожниците победуваат. Полските лажговци и куп свињи го наметнаа општото мислење дека Сталин бил виновен за сѐ. А да живеел Сталин уште само пет години, денес немаше да имаме ваков циркус“, кажал внукот на Сталин.