Во 2013-та земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација
Објавено во: Агробизнис
04 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Kон средината на идната година земјоделците и сточарите ќе можат да обезбедат земјоделска маханизација преку ИПАРД програмата на Европската комисија која обезбедува 14 милиони евра за таа намена. Ова се само дел од проектите кој вчера ги најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.
- Од идната година исто така во програмите за финансиска поддршка дополнителна поддршка ќе добиваат регистрираните земјоделци. Тие ќе добиваат 20 проценти повисоки субвенции во однос на евидентираните земјоделци а во наредните пет години ќе стигнат и до 50 проценти поголеми субвенции, рече Коњановски.
Спопред Коњановски земјоделците, членови на задруги лично ќе добиваат поголеми субвенции а дел од трошоците за вода ќе им ги покрие државата. Самите тие ќе постигнувале поголеми цени и подобра позиција на пазарот.
- Ќе има низа поволности за земјоделските задруги, но најголема поволност е што така здружени земјоделците ќе бидат фактори на пазарот, нагласи Коњановски, потсетувајќи на петгодишната програма за развојот на земјоделството и предвидените 700 милиони евра поддршка за земјоделците по разни производи и мерки. Во програмата се предвидени и посебни субвенции за земјоделците кои ќе користат добри земјоделски практики.
Заменик министерот истакна дека е стопиран негативниот тренд во лозарството и сега се оди кон засилен развој на Тиквешијата. Добрата гроздоберска сезона оваа година требало да биде поука за во иднина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.