Во Агенцијата за вработување останале вишок од 22 милиони евра
Објавено во: Економија 28 Јули, 2023
|
Околу 25 милиони евра биле потрошени за програмите како младински додаток, практиканство, самовработување, разни обуки, јавни работи, субвенционирање на плати, вработување на инвалиди, општо-корисна работа итн., иако планираниот буџет за тоа бил 32 милиони евра.
Вкупните приходи што биле собрани изнесувале 76 милиони евра и биле зголемени за 10,2 отсто за една година, односно за 7 милиони евра повеќе. Потрошени биле помалку од 55 милиони евра. За основното трошење - за надоместоци за лицата кои во меѓувреме останале без работа, како и за програмите за вработување, биле издвоени 48 милиони евра.
Биле остварени 11 милиони евра повеќе приходи од планираното, а потрошени 6,5 милиони евра помалку од она што било предвидено. Биле пренесени и вишок на лански средства од 14,3 милиони евра
Од друга страна, од придонесите за вработување од работодавачите и вработените поединци биле наплатени 36 милиони евра, речиси за 6 милиони повеќе во однос на една година претходно.
Инаку стапката на придонесот за вработување е 1,2 отсто од бруто платата на работникот. Овие придонеси влегуваат во буџетот на Агенцијата за вработување со 72,1 отсто.А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.