18 Декември, 2025
0.0705

ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ ОСЛОБОДУВА МЕСТО САМО КОГА НЕКОЈ ЌЕ ПОЧИНЕ: Ако сатурацијата е под 93, почнува да станува алармантно, предупредува пулмологот Балоски

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020 12:08

Добивај вести на Viber

Пулмологот д-р. Марјан Балоски од ГОБ „8 Септември“, во своето денешно гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 говореше за повеќе месечната пожртвуваност да се спаси секој живот, зошто како што рече, во оваа болничка установа, од самиот почеток се хоспитализираат пациентите со најтешка клиничка слика.

-Од самиот старт на епидемијата ние сме сме вклучени во оваа борба, интернистите го носат најголемиот товар. Во ГОБ „8 Септември“ на голем дел од пациентите им е потребна кислородна поддршка. Никој не ги сака респираторите, но кај пациентите кои доаѓаат со сатурација, 30, 40, здравственат состојба задолжително наложува да бидат интубирани и да стигнат до нормално ниво на сатурација. Тоа над 95, но ако сатурацијата е под 93, тогаш болните од ковид веднаш мора да побараат лекарска помош. Сега состојбата со болничките капацитети е до толку алармантна, што нема место ниту за нас лекарите. А никој не е поштеден од болеста, а ние се заразуваме со болеста работејќи. Изложени сме по неколку саати само на еден оддел, па се случува маската да се помести, и на тој начин се заразуваме, вели д-р. Балоски.

Тој праша, до кога ќе ја учиме лекцијата по најтешкиот пат, укажувајќи на тоа дека, неприфаќањето на обврската да се почитуваат мерките, освен што си го загросуваат сосптвеното здравје, ги загрозуваат животите на најблиските.

-Треба да престанеме да додаваме гориво на овој оган, на ова огнено чудовиште. Секој наутро кога ќе стане нека се запраша што треба дента да направи, а тоа е да ја стави маската убаво на лицето, да нема собирања, да се одржува растојание. Овој вирус е многу итар. Уште пред појавата на симптомите, тој се размножува во клетките, па освен во белодробието, се населува и во  срцето, црниот дроб, во бубрезите, панкреасот, значи се населува во целиот организам. Не сакам да звучам морбидно, но како човек што работи со најтешките пациенти, велам дека најтешка форма на болеста може да се развие кај секого. Ние имавме и млади пациенти кои ги загубија животите, и пациенти кои немаа коморбидитети. Во болниците сега е толку алармантна состојбата, а слободни места има само за жал кога некој ќе ја изгуби битката со вирусот. Набрзина се чисти и ете така се доаѓа до слободно место во болниците, рече д-р. Балоски.

Тој потврди дека ако и понатаму епидемиолошката состојба се влошува не чека италијанското сценарио.


Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив