Во „бомба“ Јанкулоска зборува за пари кои се давале на гласачи Албанци и Срби
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2018 16:20
Во суд денеска се слушаа „бомбите“ на рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО, а меѓу разговорите од пред локалните избори во 2013 година, имаше и разговор на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Дошло до некоја забуна со пари при што Јанкулоска кажува дека се дадени пари, споменува лице Снајпер, на кое соговорникот на Јанкулоска му дало 75.000 денари.
Таа му објаснува кои пари и кои лица се одговори за Србите, а кои за Албанците.
На истата пари, се зборува и во дел од другите разговор, меѓу кои во еден екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, прашува соговорничка дали една градежна фирма пуштила пари, а таа му одговара „не“ додавајќи дека ќе пуштат наредниот ден наутро.Тие зборуваат следниот ден, при што соговорничката кажува дека сѐ уште не се пуштени пари и тој следи електронски кога ќе бидат префрлени.
На снимките се слуша како Јанакиески се консултира со соговорници дали луѓето од Мала Преспа кои треба да гласаат на повеќе избирачки места да гласат и во Ресен или таму да се донесат лица со двојни лични карти од Кавадарци за да не ги препознаат по нагласокот. Соговорникот му посочи дека Македонците од Албанија подобро и литературно говорат македонски отколку тие од Кавадарци.Во „Титаник“ обвинети се екс премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




