Добивај вести на Viber
Дека Бугарија ја очекува успешна туристичка сезона, потврди и министерот за туризам, Николина Ангелкова.
Податоците на аеродромите во Варна и Бургас говорат дека има зголемувањето на руските чартер летови за летната туристичка сезона во земјата за 83%, при општ раст на планирани чартер летови за сите дестинации има за 30% повеќе.
Ангелкова потсети на последните визни олеснувања за руски државјани, а олеснувања има и за деца до 16 години, кои доаѓаат во земјата за детски туризам или фестивали.
Таа ги повика сопствениците на туристички капацитети за одговорно однесување и обезбедување на квалитетен туристички производ, да се фокусираат на квалификуван персонал, за да има одржлив туризам.