26 Ноември, 2024
0.0768

Во четири средни училишта настава со физичко присуство: Средношколците разочарани, професорите веруваат во платформата за онлајн

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Од вкупно 66 барања за настава со физичко присуство во средните училишта, владината Комисија даде согласност само за четири, односно учениците физички ќе одат во школо само во две државни училишта за деца со посебни образовни потреби, во едно приватно средно училиште, и во едно општинско средно училиште.

По ваквата одлука на Владата, средношколците се крајно разочарани, посочувајќи дека квалитетот на образованието ќе падне на најниски гранки. Сметаат дека имаше многу повеќе начини како барем делумно да се изведува наставата со физичко присуство.

-Свесни сме за актуелната ситуација. Здравствените власти укажуваат дека состојбата се влошува и дека допрва ќе се влошува, особено кога ќе се затвориме ризикот од заразата е многу поголем. Но, имаше безброј предлози за организирање на настава со физичко присуство кои ризикот од ширење на епидемијата би го свеле на минимум во училиштата. Со добро почитување на протоколите, навистина можевме барем дел по дел да седнуваме во училишните клупи. Оваа година треба да матурираме, дел од нас планираат да заминат на студии надвор од Македонија, што ќе покажеме од нашето досегашно знаење. Ова е ненадоместиво, изгубивме секаков контакт со тоа што значи образовен процес, разочарано велат за Фактор средношколци од повеќе скопски гимназии кои сега се четврта година.

За разлика од нив, пак, професорите се надеваат дека Националната платформа за онлај настава добро ќе функционира и дека ќе успеат квалитетно да го предадат материјалот. Велат дека најважно е присуството на учениците, аоние што сакаат да учат, како што посочуваат, ќе ги усвојат новите содржини без никаков проблем.

-Веруваме дека платформата која неодамна беше презентирана ќе овозможи квалитетна настава. Дел од нас уште се обучуваме. Не е за џабе кажано, човекот учи додека е жив. Ќе го дадеме својот максимум, а останува на учениците да бидат присустни, активни, да прашуваат, ние да објаснуваме. Ќе биде исто како на часовите, а според тоа што досега е кажувано во јавноста, контролните задачи, испрашувањата, тестовите, се ќе биде организирано во училиштата со физичко присуство. Поголем проблем ќе биде за оние ученици кои немаат можност за компјутери, лаптопи, па ќе видиме како ќе го решаваме и тој проблем. Да се надеваме дека сета оваа кризна ситуација ќе ја поминеме како што треба, велат професорите со кои разговараше Фактор.

Инаку, според одлуката на Владата, во 169 основни и четири средни училишта наставата во претстојната учебна година ќе се одвива со физичко присуство. Во однос на основните училишта, шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно училиште, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта ќе добијат дозвола за настава со физичко присуство, додека услови за настава со физичко присуство не исполнувале 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни и 2 приватни училишта. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија. 

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили