05 Декември, 2025
0.0382

Во Дебар ќе се рециклира пластичен отпад

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2013 09:55

Добивај вести на Viber

Со поддршка на Глобалниот еколошки фонд, дебарскиот центар за одржлив развој на заедницата доби преса за рециклирање на пластичен отпад. Инаку главна цел на проектот, кој  е дел од програма на Организацијата на обединетите нации за заштита на животната средина, е  намалување на загадувањето од неправилно управување со пластични боци во Дебар и Дебарско Езеро преку организирано собирање и рециклирање на истите како и остварување локален економски развој и еколошки бенефит.

Се предвидува да се  соберат околу 180.000 пластични шишиња во 10 специјални контејнери и она што е најбитно во сето ова е  заштита на земјата, водата и ваздухот од загадувањето.

 „Пресата е во вредност од 5.500 долари. Се состои од три дела: дупчалка, лента за пренос на ПЕТ амбалажата од дупчалката до пресата и преса. Истата му е предадена на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ на користење,“ изјави Гоце Љубиновски од дебарскиот Центар.

Според договореното,  сопствениците на угостителските објекти, ресторани и кафулиња, во големи вреќи ќе ја собираат ПЕТ амбалажата која ќе се носи до „Стандард“, а тие ќе ја рециклираат со помош на новата преса.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје