Во „Дрекслермаер“ работат 200 луѓе
Објавено во: Економија 01 Декември, 2012 11:52
Во моментов во фабриката на германски „Дрекслермаер“ во Кавадарци се вработени околу 200 луѓе кои по разни основи се упатуваат на преквалификации, доквалификации или доусовршување во одредени земји, информираше претседателот на кавадаречкиот Економско социјален совет Илија Тренчев, на синоќешната седница на Советот.
Говорејќи дека има и други компании кои се заинтересирани да вложуваат во кавадаречко, Тренчев најави дека следната 2013 година ќе биде година на инвестициски бум во Кавадарци. Притоа се осврна и на германската инвестиција во винарница.
- Инвеститорите го ценеа фактот што во Тиквешијата има 260 сончеви денови во годината кои се идеални за производство на одлично грозје кое пак е основа за добивање на врвни вина, рече претседателот на Советот.
На последната седница на Советот за оваа година се расправаше и за состојбата со зелената економска зона во Кавадарци. Тренчев образложи дека под зелена економска зона всушност се подразбира територијата под Кожуф која некогаш беше дел од општината Конопиште.
- Зелената економска зона треба да има значајно место во идните програми за локален економски развој. Неа можеме да ја ја развиваме и преку проекти за прекугранична соработка со соседна Грција, нагласи Тренчев.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





