25 Ноември, 2024
0.0312

ВО ЕДНАТА РАКА ПРОТИВ КОВИД, ВО ДРУГАТА ПРОТИВ ГРИП: Нема никаква опасност да се примаат вакцините истовремено, уверува епидемиологот Стојанов

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Како наближува есента, а со тоа следува и се повеќе затворање во простории каде има поголем број луѓе на мал простор, епидемиолозите освен што стравуваат дека е можно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, опасноста од заболување од сезонски грип е исто така голема. Матичните лекари, како и специјалистите инфектолози и епидемиолози предупредуваат дека доколку едно невакцинирано лице во исто време се зарази и со Ковид-19 и со сезонска инфлуенца, може да настанат сериозни компликации. Во разговор за Фактор, епидемиологот Александар Стојанов, кој е долгогодишен експерт за вакцинација, смета дека дури и истовремено примање на двете вакцини, и против корона вирусот и против сезонскиот грип, нема да направи никаков здравствен проблем, напротив, како што вели, луѓето на овој начин се заштитуваат против двете инфекции.

-Сметам дека нема да има никаков проблем ако двете вакцини се примаат истовремено. На едната рака едната, на другата рака-другата вакцина. Вакцинита навистина се безбедни, тие не прават проблем. Луѓето ги правта проблемите и тоа од не знаење. Сакам посебно да потенцирам дека досега требаше сите да се вакцинираат против ковид. Не треба да се доведат луѓето во ситуација да чекаат да пристигне и сезонскиот грип, па сега да размислуваат за примање на вакцината и против кови и против грип. Но, ќе повторам, и да се примаат двете вакцини истовремено не е никакво оптоварување на организмот. И добро е да има интерес за вакцинација и против сезонскиот грип, бидејќи и онака епидемиолошката ситуација воопшто не ни е сјајна. Во моментов во Македонија имаме епидемија на ковид, но на невакцинирана популација. 90 проценти од заболените, од хоспитализираните, како и од починатите се невакцинирани граѓани, посочува епидемиологот.

Д-р Стојанов, кој долги години беше директор на Центарот за јавно здравје-Скопје нагласува дека во почетокот на октомври веќе располагале со вакцините против грип, но сега, како што вели во нашиот разговор, нема информација дали и оваа година ќе доцнат, како што задоцнија лани, односно стигнаа во ноември.

-Редовно сме ги добивале ко крајот на септември, почеток на октомври. Минатата година задоцнивме, стигнаа дури во ноември. Генерално набавките за оваа вакцина се прават уште во мај за да стигне навреме, да се аплицира навреме и да даде заштита, односно навреме да создаде имунитет против сезонскиот грип, кој е навистина сериозно заболување и знае да направи компликации. Станува збор за вирусно заболување на респираторните органи, кое многу лесно се шири, односно заразата од еден на друг се пренесува преку капки, заради што навистина е добро што поголем број луѓе да се вакцинираат. Лани имаше навистина голем интерес, па за разлика од претходните години кога остануваа количини и моравме да ги фрламе, минатата година се потрошија сите набавени дози, вели д-р Стојанов.

Инаку, вакцинацијата против сезонски грип е бесплатна за повеќе ризични групи: Стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години. Останатите граѓани кои сакаат да се заштита од сезонски грип, вакцината треба да ја платат. Лани цената на вакцината беше 600 денари. Според препораките на епидемиолозите добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој пердиод до започнување на пикот на сезоната на грип. Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот се очекува при крајот на јануари и почеток на февруари.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ