05 Мај, 2024
0.0276

ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕ ОТВОРА НОВО ОДДЕЛЕНИЕ – ОНКОЛОГИЈА: Интервју со директорот, проф. д-р Христијан Костов

Објавено во: Македонија, Интервјуа 19 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Со цел успешно и навремено завршување на сите обврски, и професионални и семејни, секојдневно прави „ребаланс на времето“. Супспецијалист по трауматологија, но и директор на една од најзначајните здравствени установи во земјава, проф. д-р Христијан Костов, во денешното интервју за Фактор открива дел од новините кои ќе се случуваат во наредниот период, а говори и колку му значи поддршката од сопругата и нивните двајца синови.  

- Без нив јас немаше да бидам тоа што сум и многу сум им благодарен. Имам простор за поголема посветеност и ангажман во работата и професијата.

Шест и пол години раководите со една од најголемите здравствени институции во Македонија, ГОБ „8 Септември“, каде здравствени услуги добиваат илјадници пациенти. Пред самиот крај на 2023, можете ли да посочите за сето ова време, кој ви бил најголемиот предизвик кога било потребно итна организација, итен ангажман од ваша страна?

Проф. д-р Костов: По одлуката за назначување на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје како ковид центар во март 2020 година од страна на Министерството за здравство на Република Северна Македонија бевме соочени со предизвици за имплементирање на нови протоколи и патеки на лекување, обезбедување на заштитна опрема и обука на целокупниот персонал. Имавме отворена соработка и консултации со врвни специјалисти ширум Европа и светот преку бројни онлајн работилници. Успеавме да излекуваме голем број на пациенти кои беа на асистирана механичка инвазивна вентилација. Будно ги следевме сите промени во протоколите за лекување на ковид-19 и се стремевме веднаш да ги спроведеме. Први во државата воведовме и нови третмани како што е озон-терпијата, која даде солидни резултати во лекувањето на пациентите заболени од ковид-19.

Во периодот од почетокот на ковид пандемијата до јуни 2022 година, во ГОБ „8-ми Септември“ беа извршени 36.000 прегледи во амбулантите на инфективниот оддел, и беа хоспитализирани 7000 пациенти со симптоматологија на ковид-19. Во овој период беа направени 17.600 биохемиски анализи во тој период, како и 21.100 крвни анализи на одделот за трансфузиологија.

2. Она што остави голем белег годинава во македонското здравство е случајот со пациентите болни од канцер. ГОБ „8 Септември“ токму годинава ја доби онкологијата како нова дејност, можете ли подетално да појасните, кога ќе биде отворено ова одделение, располагате ли со апаратура, дијагностика, и секако со стручен кадар?

Проф. д-р Костов: Се финализираше инсталацијата на новиот линеарен акцелератор, како врвна технологија за третман на малигните заболувања и во најскоро време ќе биде пуштен во употреба.

Здравствените работници од болницата кои се одредени да работат со акцелераторот “ELECTA” ја поминаа дел од обуката во странство.

Бидејќи станува збор за акцелератор, кој е прв од таков вид во земјава, во моментов се на дополнително стручно усовршување на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија.

Во периодов се соочивме со административни проблеми на кадарот обучен за работа со тој  вид на акцелератор, кои менаџментот на болницата не можеше да ги предвиди. Во тек е конкурс за ново вработување на стручно техничко лице (медицински физичар), кое ќе работи со акцелераторот “ELECTA“ и  очекуваме наскоро првите пациенти кои се со полесна клиничка слика да се преупатуваат од Клиниката за радиотерапија и онкологија во ГОБ „8 Септември“, а постепено да профункционира и дневна амбуланта на онколошкото одделение.

3. Новина секако е и воведувањето хелиокоптерска служба за полесно и побрзо носење на пациентите во болницата. Како остваривте ваква соработка?

Проф. д-р Костов: Од 17.12.20023 година, итните пациенти од цела Македонија со хеликоптер ќе се пренесуваат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, со ставање во функција на медицински хеликоптер во кој ќе се пренесуваат пациенти од цела Македонија во ГОБ „8 Септември“. Беше изведен пробен лет од ГОБ „8 Септември“ – Скопје до Клиничката болница Битола како една од пооддалечените точки. На пробниот лет имав чест да бидам во присуство на министерот за здравство р Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство Маја Манолева, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Хеликоптерот е опремен со медицинска опрема за воздушен транспорт, а ГОБ 8 Септември ќе овозможува искусен стручен тим за придружба на пациентот.

4. Во однос на апаратурата, дали во последнава година набавивте нови и за какви процедури ќе се користат?

Проф. д-р Костов: На патронатот на ГОБ „8-ми Септември“, во септември 2023 година, го промовиравме зајакнувањето и модернизацијата на инфраструктурните капацитети на нашата Јавна Здравствена Установа ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје со набавка и пуштање во употреба на нова опрема и апарати во одделот за интервентна кардиологија, одделот за интервентна радиологија и одделот за оториноларингологија.

Согласно целите и задачи на ЈЗУ ГОБ 8ми Септември за спроведување на највисоки стандарди за здравствена заштита на населението, во изминатата година нашите заложби беа насочени кон осовременување на дијагностичките процедури со набавка на најсофистицирана опрема и апаратура, и тоа:

–два апарати за васкуларни и радиолошки интервентни процедури, односно ангиографи со кои значително ќе се намалат листите на чекање за коронарографии, каротидографии, периферни ангиографии, коронарни и каротидни стентирања, како и стентирањата на крвните садови на екстремитетите;

–апаратот за мамографија со стереотакса;

- апаратот за ултразвук со висока резолуција адекватен за најразлични дијагностички процедури;

-компјутерски томограф од нова генерација, кој има 128-слајсен детектор, со висока резолуција и брзина, и до него дневно може да се „снимат“ повеќе од 40 пациенти во било која форма на дијагностика;

-два најмодерни дигитални апарати за конвенционални графии;

-апарат за навигација, наменет за хирургија на носот, синусите, ушите и базата на черепот, со цел побезбедна хирургија на овие области;

-C-arm , систем за потребите на одделот за ортопедија...

5. Ќе откриете ли што ви остана нереализирано па ќе го оставите за во текот на 2024 година?

Проф. д-р Костов: За наредниот период ќе се фокусираме на подобрување на финансискиот и медицинскиот аспект на болницата со поставување и спроведување на следните цели и задачи:

*.Подобрување на Квалитетот на Здравствени Услуги со:

-имплементација на стандарди и програми за квалитет и безбедност на пациентите и намалување на ризиците од инфекции.

-континуирано следење и анализа на искуството и реакциите на пациентите со имплементација на систем за евалуација на задоволството на пациентите со цел за подобрување на услугите

* Ефикасно Управување на Ресурсите со:

-подобрување на финансиската одржливост и управување со буџетот.

-набавка и имплементација на материјално-финансиски софтвер за ефикасно финансиско управување со обука на персоналот за користење.

-планирање и подготовка за инсталирање на LYS систем со баркод евиденција и обука на медицинскиот тим за користење.

-подобрување на информацискиот систем на болницата со цел подобра координација на пациентите и медицинскиот персонал.

*ГОБ „8-ми Септември" има итна потреба од нови хируршки сали и интензивна нега во постоечкиот објект. За таа цел, направена е анализа како да се оптимизираат и максимално искористат постоечките ресурси и достапните опции. Новите хируршки сали би биле сместени на 3 кат со предвидена површина од 1.932 m2.

Новиот Предлог Проект за посочените хируршки сали осмислен е и проектно адаптиран со техничко-технолошки меѓународни експерти кои применуваат современи и највисоки светски стандарди и услови за извршување на услуги за хируршки и анестезиолошки процеси. За прв пат во Македонија се проектираат високо техничко-технолошки хируршки сали со кои се овозможуваат современи услови за работа на стручните лица.

Во проектирањето е користена и постапката и процедурата кон Европската Директива 2010/31/EU кој е пропишана за подобрување на енергетската ефикасност на објектите.

Предлог-Проектот предвидува комплетна изведба на 7 хируршки сали со сите потребни комуникативни и помошни простории, комплетно нов дел за интензивна нега со 16 кревети со што би се создале драстично подобри услови за опслужување на пациентите. Крајниот впечаток, како збир на горенаведеното, е заклучокот дека ова е современ, по највисоки стандарди изработен Предлог-Проект за хируршки сали.

 6. По заминувањето на Венко Филипче од функцијата министер за здравство, вие бевте споменати како негов наследник. Имате ли такви амбиции?

Проф. д-р Костов: На раководната функција гледам исклучително од аспект на врвна одговорност пред должноста и обврските, и така и ја доживувам - како предизвик на кој мора да одговорам со сите професионални капацитети, работни и етички принципи.

Времето денес е најскапиот ресурс. Честопати на сите ни недостига оној фамозен „еден час“ за да ги завршиме сите обврски. Мојата формула за успех на професионален и приватен план се темели на секојдневен „ребаланс на времето“.

И секако максималната подршка од семејството, сопругата и двајцата наши синови. Без нив јас немаше да бидам тоа што сум и многу сум им благодарен. Нивниот успех и среќа во нивните обврски и работни задачи без да очекуваат од мене дека јас треба да учествувам во сето тоа во континуитет, туку напротив се повеќе ме ослободуваат и ми помагат во обврските, а тоа ми дава простор за поголема посветеност и ангажман во работата и професијата.

Во пресрет на Новата 2024 Година посакувам да бидеме упорни, вредни и трпеливи во сè што правиме, да се престигнуваме во добрите дела, а во секој дом да владее семејна радост, здравје, среќа и благосостојба.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?