Во Хрватска се затвараат хотели поради смртоносна бактерија
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2016
Во Хрватска повеќе хотели првентивно се затворени поради сомневања дека е присутна бактерија легионела.
Европскиот центар за надзор и следење на оваа бактерија укажа дека е можно неа да ја има во земјата. Оваа дојава стигна затоа што за германски турист се смета дека со оваа бактерија се заразил откако престојувал во хрватски хотел во средината на април. Од Заводот за јавно здравје во Ријека велат дека нема место за паника. Оттаму велат дека никој моментално не е загрозен да ја „закачи“ оваа бактерија.
Легионела се нарекува бактерија која живее во бањата. Таа предизвикува воспаление на белите дробови и може да има смртен исход. Името го добила во 1976 година и за прв пат е откриена кај воени ветерани.