20 Мај, 2024
0.0265

Во јануари „кралско“ фудбалско искуство за децата во Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Вториот фудбалски камп на Реал Мадрид Фондација ќе се реализира од 14 до 18 јануари 2019 во Охрид, на брегот на живописното Охридско езеро, ставајќи ја нашата држава на мапата на земји во кои што ќе се едуцираат фудбалери на возраст од 7-17 години. Кампот на Реал Мадрид Фондација може да биде вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височинина на сите момчиња и девојчиња кои ќе бидат дел од истиот.

Во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од Шпанија, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување.


Сето она што ја комплетира личноста на фудбалерот , во делот на спортот, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти,спортски бон-тон, дружење и многу забава.

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот. Затоа на кампот во јануари тренерите од Шпанија ќе имаат едукативни предавања за 5 суштински точки: респект, иницијатива, почит, самоконтрола и тимска работа.


Кампот како проект е планиран да биде своевидна база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот.

Комплетната понуда на вториот фудбалски камп Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia се состои во може да се најде на следниот линк https://bit.ly/2Bb2KnS


Лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондација во Македонија "Спорт Арена" првиот камп го направи во јуни оваа година во Скопје.На него поминаа 100-тина учесници, голем дел од Македонија но и учесници надвор од границите на татковината. Насмевката на нивните лица и задовоството кај нивините родители се најголема награда за добро завршената работа. На вториот камп организаторскиот дел е доверен на агенцијата КМГ Спорт.


Пријавувањето,  за да бидете дел од големото семејство на кралските "бели" е во тек. Истото може да се направи на следниот линк https://bit.ly/2K9FvxA .

Фудбалската приказна на кралскиот светски гигант во Македонија продолжува во јануари.

Можеби ќе ве интересира

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“