ВО ЈАВНОСТА НАЈГЛАСНИ ТРЕБА ДА СЕ ПУЛМОЛОЗИТЕ И ХЕМАТОЛОЗИТЕ-КОВИД Е БОЛЕСТ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ И КРВТА: Д-р Беќаровски цени дека дел од лекарите се себични
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2021 12:19
Сите доктори во
земјава целосно се преокупирани со епидемијата на ковид-19, се разбира секој
опд својата област, но дел од здравствените работници се малку себични кога
станува збор за гласно споделување на информациите, смета професорот Нико Беќаровски,
кој од почетокот на епидемијата во Македонија е еден од најгласните и често се
појавува во медиумите, а утринава гостуваше во Утрински брифинг.
-Тие кои не требаше да се симнат од телевизиските екрани се прво пулмолозите, пред се поради фактот што ковидот го зафаќа респираторниот тракт, а освен еден-двајца пулмолози никој друг не кажа ништо, а ги има многу повеќе. Исто така, каде се хематолозите. Ковид е болест и на згрутчување на крвта, но јас не видов ниту еден да излезе и јавно да каже нешшто околу ова. Можеби е така поради страв, поради фактот што се соочивме со нешно непознато. Многу пати ние лекарите кажавме едно, но излезе поинаку, но сепак сметам дека треба поголема присутност во јавноста. За цел овој период само 5-6 ликови се појавуваме, рече д-р Бежаровски.
Смета и дека многу поголем е бројот на позитивните случаи на дневна основа, бидејќи огромен дел од популацијата не е регистрирана во здравствениот систем.
-Во моментов постојат две причини зошто броките во земјите во соседството експлодираа, а кај нас ситуацијата изгледа навидум потсмирена. Прво заради тоа што овој бран во Македонија почна многу порано, уште во текот на летните месеци, за разлика на пример во Хрватска, кога во текот на летото многу повеќе се внимаваше, но секако од разбирливи причини, за да не им пропадне туристичката сезона. Ние прегоревме во тој бран со враќањето на печалбарите во земјава иако апелирав од патриотски побуди или да се вакцинираат или да се тестираат, но се беше мнопгу лабаво. Втората причина зошто кај нас бројките не се толку високи е и поради фактот што огромен број луѓе се позитивни, но тестовите ги направиле купувајќи брзи тестови во аптеките. И тие не влегуваат во системот. На Клиниката за токсикологија нема вечер да не дојде некој кој вели дека е настинат поради клима, поради разни причини, но кога ќе предложиме да направат ПЦР-тест за да дадеме терапија веднаш заминуваат. Тие луѓе знаат дека се позитивни, а не се регистрирани во системот, посочува д-р Бежаровски.
Според него, предизборните собирања, кампањите во рок од две недели би донеле повисок број на новозаразени, а во однос на Комисијата за заразни болести, вели дека како експертско тело треба да биде многу поактивно.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




