25 Ноември, 2024
0.0279

Во кафулињата седат и невакцинирани, но само во помалите и полупразните

Објавено во: Македонија 16 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Популарните кафулиња во центарот на Скопје и денеска работат навидум вообичаено. За некои од нив е вообичаено да немаат гости претпладне, додека други беа полупразни, па можеше и невакцинирани лица да се напијат кафе на почетокот од новата работна недела.

Од денес, во земјава, се бара потврда за вакцинација или прележан ковид-19 за да отидете во угостителски објекти, концерти или натпревари. Според одлуката на владата во Скопје, поради забрзаното ширење на вирусот, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе мора да имаат потврда за најмалку една примена доза вакцина.

- Во моментов имаме 20-тина гости и не правиме се уште проверки, но ако бројката надмине 30 јас сум подготвена да им се извинам на следните што ќе сакаат да не посетат, ни рече келнерката од еден популарен кафе-бар од Улица Македонија, која рече дека и е одредено да ја извршува „редарската служба“, односно да ги проверува сертификатите на клиентите.

Граѓаните со потврда за ковид може да посетуваат угостителски објекти, но само 45 дена по болеста, по што ќе мора да имаат потврда за вакцинација како и сите други. Оваа обврска ќе важи за сите објекти кои примаат повеќе од 30 гости, а угостителите се должни да организираат редарска служба која ќе ја контролира.

- Ако сте невакцинирани подобро е да одите во помалите ресторани, таму ако има место, влезот ќе биде слободен. Ние веќе во моментов имаме околу 30 гости. Може да влезат оние сп сертификат, или пак ако имате доказ дека сте прележани од пред извесно време, ни кажа персоналот на еден од најпознатите кафе-барови на Плоштад Македонија.

Во Градски Ѕид имаше и кафулиња кои допрва се подготвуваа да ги дочекаат првите гости. На самиот влез имаше персонал кои ги дочекува посетителите, но велат дека во овој период од денот нема да има проблем за никој кој сака да се напие кафе затоа што тоа би биле првите муштерии.

Владата најави построги контроли за строго спроведување на новите ограничувачки антиквитети, а се предвидуваат и парични казни. За граѓаните кои немаат фалсификат, или имаат фалсификат, казната е 250 евра, за правно лице од 2.500 до 30.000 евра во зависност од големината на објектот, а за одговорното лице 1.500 евра.

Освен кафулиња, ресторани или ноќни клубови, сертификатот за ковид е потребен и за сите видови прослави, кои можат да се организираат само на отворено, свадби и крштевки, како и за концерти, семинари, конференции, културни и спортски настани.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето