ВО КАНАДА ЌЕ СЕ ПИЕ РАКИЈА ПО МАКЕДОНСКИ РЕЦЕПТ - наши иселеници отворија дестилара, ќе има од грозд, дуња и круша
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2022
Дестиларата на семејството Петровски, наши иселеници од Канада, викендов ги наполни првите шишиња, дел од нивното сериско производсто на ракија од грозд, дуња и круша во Канада. Може слободно да се каже дека ова е првата семејна дестилара за македонска ракија и алкохолни напитоци со рецептури од Балканот во Северна Америка.
Идејата за своја компанија за фармерски производи со потекло од Северна Македонија на Петровски, нашинци од Куманово кои долго време живеат и работат во Сејнт Катеринс, Канада, се роди во 2018 година. Нивната фарма со овоштарник од неколку декари е лоцирана во плодниот регион на висорамнината Нијагара меѓу езерата Ири и Онтарио во близина на големите водопади. Дестиларата е во близина на магистралата „Квин Елизабет Мери“, автопат кој води од Торонто до канадско-американскиот граничен премин недалеку од Бафало, Њујорк. Во изминатите децении во регионот започнаа со работа многу микро винарии, пивари и дестилари.
По првичните тешкотии за набавка на суровини поради КОВИД-19 пандемијата во 2020 година, неколку милионската инвестиција на ова вредно македонско семејство од Канада е на пат да се исплати, бидејќи Канада и САД се земји каде домашните, земјоделски фармерски производи, посебно оние со назнака „органик“ што значи потврдено од Администрацијата за храна и лекови дека се одгледувани без употреба на додатоци или хемиски препарати, посебно се ценат.
-Ова е наш придонес во намалување на монополите на големите компании за алкохолни напитоци. Ние сме нивна конкуренција и имаме намера да произдуваме врвни произвиди од највисок квалитет, изјави Душко Петровски, претседател на дестиларата „Петровски фемили спиритс“ во интервју за МИА.
Висорамнината Нијагара е регион прочуен по одгледување кајсија и праска. Како и во другите региони на Северна Америка, како севериот дел на Вирџиниja или долината Напа во Калифорнија, винарството зема голем замав и овде, во државите Онтарио и Њујорк. Регионот фигурира во првите десет или петнеасет вински региони во светот.
-Не би рекол дека грозјето е со висок квалитет, повеќе се одледуваат ризлинзи, и други сорти бели грозја, за правање бели вина, и тоа се прави од иселеници од Холандија и Германија, истакна Петровски.
Тој откри и дека поднебјето во овој дел на Канада изобилува со вода и сонце, плодната земја со жешките лета и студените зими е добра за одгледување слива, круша или јаболко. Иако не и за квалитено грозје, пиперки или домати, како во Северна Македонија, што тие се обиделе да ги засадат за продажба на големо.
МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.