23 Април, 2024
0.0261

Во кои две игри вреди да инвестирате време и кој ТВ е совршен за тоа?

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Современиот свет и развојот на технологијата ни донесоа нови начини на работа, комуникација и уживање - особено кога станува збор за игри. Играњето игри денес претставува едно од омилените хоби и „бегање од реалноста“, особено кај машката популација. Бидејќи виртуелниот свет бара сосема нов сет на перформанси, потребни се уреди кои можат да одговорат на ова барање. Токму тоа го овозможуваат Samsung Neo QLED и телевизорите кои го откриваат секој скриен детал од која било виртуелна содржина, а следниве две игри докажуваат дека можете да се потпрете на овие два модели, благодарение на феноменалните карактеристики на овие телевизори, кои ќе ве вовлечат во неверојатен дигитален свет.


The Last of Us 2. дел

The Last of Us е ексклузивна видео игра за PS4/PS5 која се фокусира на пост-апокалиптичен свет. Има свој природно-наративен тек, а се игра од трето лице. Во зависност од вашата желба, можете да играте со голема доза на адреналин, да му се прикрадете на непријателот одзади, буквално да ги испробате сите начини на надмудрување на противникот. Ако ја играте оваа игра преку Neo QLED телевизор, искуството ќе биде извонредно поради Neuron Quantum 8k процесорот кој ја продлабочува и изострува сликата, па секој објект ќе го видите во полн сјај. Исто така, благодарение на мини-LED диодите кои ја контролираат светлината, ќе уживате во секоја рамка. Она за што сите ќе се согласите е дека звукот е исто така многу важен кога станува збор за целосно доживување на атмосферата. Со помош на динамичниот OTS Pro, кој го шири звукот низ просторијата, можете целосно да се опуштите и да го следите дејството од сите агли на собата. The Last of Us Part 2 беше играта на годината во 2020 година, така што светот што го создаде Naughty Dog навистина вреди да се истражува. Поради звукот на Dolby Atmos, секој истрел ќе го слушнете како да е реален, а ќе ги доживеете и звуците од дотраените згради низ кои се движите многу автентично. Друга предност на овој телевизор е тоа што може да се пофали со „непостоечки“ црни рабови и екстремно тенка рамка, така што ќе ве собори од нозе со својот Infinity One дизајн.

Sekiro: Shadows Die Twice

Доколку сте љубители на феудалната Јапонија, самураите и нивната култура, идеалниот наслов за вас е Sekiro: Shadows Die Twice. Поради својата содржина и прекрасните рамки, оваа игра се уште е многу актуелна. За разлика од обичните, Samsung QLED телевизорот е уникатен по своите екстремно темно црни, чисто бели и други живи палети на бои кои целосно евоцираат каква било содржина, особено кога станува збор за околина како оваа. Исто така, со најсовремените самоосветлувачки LED диоди, уживањето во точноста, јасноста и отвореноста на сликата е неспоредливо. Имено, оваа игра е „озлогласена“ поради својата високо напредна вештачка интелигенција и степенот на динамичност, а во оваа смисла од голема помош ќе биде и Samsung QLED телевизорот. Овој уред на најдобар можен начин ќе ги истакне сите потребни детали, а доколку на сите овие изведби додадете минималистичка рамка и тенок профил со рамен заден дел, QLED беспрекорно ќе се вклопи во секој ентериер, без разлика на големината на просторот.

Дојде време целосно да уживате во игрите, а за што побрзо да се препуштите на беспрекорните рамки и чист звук, изберете еден од овие два модели. Одличниот Neo QLED ја доби наградата „Editor's Choice“ од порталот Home Theater Review токму поради гореспоменатите карактеристики, додека QLED моделот се издвојува со феноменалните перформанси, па кој и да го одберете, сигурно нема да погрешите.

Што велите за gamenight во пар?

Се ближи месецот на љубовта па токму затоа Samsungпред сите ја слави љубовта. Не само филмовите, туку и игрите се послатки кога се играат во пар, па токму затоа NeoQLEDи TheFreestyleсе нераскинлив пар! Заљубете се на прв поглед со ова неверојатно комбо, изберете NeoQLED, a Samsung ќе ви подари пакет The Freestyle. Акцијата трае од 27.1 до 19.2.2023 година или до потрошување на залихите на подарокот.

Дознајте повеќе на следниот линк:https://www.samsung.com/mk/offer/neo-qled-the-freestyle-case-skin-2023/


Повеќе информации за моделите можете да најдете на линкот:

NEO QLED: https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn90b-43-inch-neo-qled-4k-smart-tv-qe43qn90batxxh/

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!