Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Мај, 2021
Во малите градови се намали бројот на активни случаи. Македонски Брод има само 1, Демир Капија 3, а Пехчево 4 активни случаи на коронавирусот.
Дебар има 8, а Богданци и Валандово по 9 активни случаи на коронавирусот. Берово има 12, а Кратово 14 активни случаи на коронавирусот. Македонска Каменица има 18, а Пробиштип 19 активни случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833. Бројот на заболени се намалува во земјава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.