Во кои сектори работниците земаат најниски плати?

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2022 08:56
Во земјава има повеќе сектори каде платите се нешто над минималецот.
Деновиве Државниот завод за статистика(ДЗС) ја објави листата на просечни плати за месец ноември. Според овие податоци, најниската просечна нето-плата е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 16.068 денари, а понатаму следи Услуги поврзани со одржување згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 17.965 денари.
Во групата со ниски плати спаѓаат и вработените во секторот Производство на кожа и слични производи од кожа – 18.588 денари, па Производство на облека – 19.139 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 19.206 денари.
Од друга страна, најголеми плати земаат програмерите. Тие долго време се на врвот од листата.
Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари.
Минималецот засега останува ист, 15.200 денари.
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација
