26 Април, 2024
0.0330

Во кој бунар Владата фрла 7 милиони евра годишно?

Објавено во: Економија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

„Македонски железници транспорт“ лани имал приходи од 12,3 милиони евра и уште 7 милиони евра субвенции од Владата. Кога ја урдиле цртата на крај на 2018 година фирмата била во загуба од 7,8 милиони евра, со акумулирана загуба од 71 милиони евра и вкупни обврски од 90 милиони евра.  Има ли решение за оваа црна дупка на македонската економија која „цица“ и од централниот буџет?

„Македонски железници транспорт“ лани заврши со загуба од речиси 8 милиони евра, а претходната година беше во минус од 8,2 милиони евра. Застрашувачки е тоа што оваа државна компанија, единствена од својот вид во земјава, има акумулирана загуба од 70,7 милиони евра и вкупни обврски кои достигнуваат 90 милиони евра.

Каква е оваа книговодствена финта?

Независната ревизија по извршениот увид во достапните документи одлучи да се воздржи од мислење. Во нејзиниот извештај се наведени низа работи за кои ревизијата се оградува или пишува дека не може да се произнесе. Сите тие детали, кои се застрашувачки аргументи за тоа колку е државата лош стопан, се достапни во извештајот што е објавен на информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност.

Од достапните податоци се гледа дека „Македонски желензици Транспорт“ е уникатна компанија по повеќе аспекти, но по едно е навистина неповторлива. Имено во билансот на состојба е видливо дека компанијата има гудвил три пати повисок од недвижностите, опремата и постројките заедно. Само благодарејќи на таа магична категорија „Гудвил“ оваа државна фирма има средства кои се повисоки од капиталот и обврските.

Еве каква е ситуацијата: вредноста на недвижностите,опремата и постројките (за кои ревизијата има сериозни забелешки н.з.) е 36,1 милиони евра, а гудвилот е 119 милиони евра и е укнижен пред повеќе од 12 години кога била правена делба во единственото државно железничко претпријатие од кое произлегле транспорот и инфраструктурата. Само заради тој „фантасмагоричен“ гудвил оваа компанија има поголеми средства од капиталот и обврските. Ревизијата во својот извештај дава сериозни забелешки на состојбата која со години се провлекува, но никако не се поправа.

Колку должи оваа фирма?

„Македонски железници транспорт“ има акумулирана загуба која на крај на 2018 година надминала 70 милиони евра. Згора на тоа до крајот на минатата година вкупните обврски на компанијата изнесуваат 90 милиони евра. Од тоа нетековните позајмици носат 31,7 милиони евра, тековните позајмици 19,7 милиони евра, а обврските кон доставувачите 38,4 милиони евра.

Како заработува, а колку троши „Македонски железници транспорт“?

Кратка анализа на приходите и трошоците покажува дека фирмата не може да биде рентабилна со овој режим на работа. Нејзниот приход лани бил 12,3 милиони евра, а Владата и дала „инфузии“ преку субвенции од уште 7 милиони евра. На расходната страна најголем трошок се платите кои лани изнесувале 8,1 милиони евра, пред трошоците што ги плаќа на сестринската фирма за инфраструктура кои изнесуваат 7,6 милиони евра, а за потрошен материјал се платени 2,4 милиони евра. Згора на ова се и финансиските расходи (во најголем дел за камати н.з.) на кои се платени 800.000 евра. Кога ќе се удри цртата загубата на фирмата изнесува 7,83 милиони евра и во однос на 2017 година кога била 8,16 милиони евра е минимално намалена.


Гудвил преставува разликата помеѓу вредноста што ја плаќа купувачот и проценетата фер или објективна вредност на фирмата што се купува,а која може да биде различна од книговдоствената вредност на фирмата. (дефинија за Гудвил од македонски учебник за средно образование)

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија